Соопштение за примени студенти на втор циклус студии
Известување за примените кандидати и упатството за запшишување се дадени на страницата на ПМФ:
http://www.pmf.ukim.edu.mk/c/portal/layout?p_l_id=PUB.1001.506
Коригиран распоред на настава по предметот Управување со квалитет во хемиска лабораторија
Распоред на настава по предметот
Управување со квалитет во хемиска лабораторија
предавања: вторник 12-14h - пред.124
вежби: вторник (медиотека и лаб. 226)
I група 10-12h (студенти од VII семестар и дел од студентите од V семестар)
II група 14-16h (студенти од V семестар кои слушаат Органска хемија)
предметен наставник
вонр. проф. Д-р Горан Стојковиќ
Во октомври 2014 година на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет ќе се одржат јавни одбрани на следните магистерски работи:
- „СПОРЕДБА НА ПРОТЕИНСКИТЕ ПРИМАРНИ СТРУКТУРИ НА НЕКОИ АМИЛАЗИ“, изработена од Дејан Стефановски, дипл. инж. по хемија, на 14 октомври во 12 часот.
- „ДИСТРИБУЦИЈА НА ТЕШКИ МЕТАЛИ ВО ПОЧВАTA И ВОЗДУХOT ВО КРИВА ПАЛАНКА И НЕЈЗИНАТА ОКОЛИНА“ изработена од Светлана Ангеловска, дипл. проф. по хемија, на 17октомври во 12 часот.
На 15 октомври 2014 година во 12 часот на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет ќе се одржи јавна одбранa на докторската дисертација:
„ЛИТОГЕНО И АНТРОПОГЕНО ВЛИЈАНИЕ НА ДИСТРИБУЦИЈАТА НА РАЗЛИЧНИ ХЕМИСКИ ЕЛЕМЕНТИ ВО ПОЧВИТЕ И ВОЗДУХОТ ВО РЕГИОНОТ НА СЛИВОТ НА РЕКАТА БРЕГАЛНИЦА“ од кандидатот м-р Билјана Балабанова.
На 27 октомври 2014 година во 12 часот на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет ќе се одржи јавна одбранa на докторската дисертација:
„МЕТОДИ ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ТРАГИ ОД ЕЛЕМЕНТИ ВО МИНЕРАЛИ И СОЛИ СО СПЕКТРОСКОПСКИ И РАДИОХЕМИСКИ ТЕХНИКИ“ од кандидатот м-р Милена Тасеска-Ѓорѓијевски.
Распоред на настава по предметот Хемија во практиката
Распоред на настава по предметот Хемија во практиката
Настава: четврток 8.00 - 10.30 во сала за конференции
вежби: четврток 10.30 - 12.00 во сала за конференции
За предавања е потребно присуство од минимум 5 студенти.
предметен наставник
вонр. проф. Д-р Горан Стојковиќ
С О О П Ш Т Е Н И Е Хемија на животна средина, III семестар
Им се соопштува на студентите на хемија насока: Хемија на животна средина, III семестар, за предавања по предметот Метеорологија да контактираат со проф. д-р Владо Спиридонов на e-mail: vspiridonov@meteo.gov.mk.
Првиот час по предметот „Физичка хемија II-Б ниво“
Првиот час по предметот „Физичка хемија II-Б ниво“ за студентите од трета година, петти семестар, насока аналитичка-биохемија, ќе се одржи на 18.09.2014 година, четврток, во 9.00 часот, во предавална 125.
Предметен наставник,
вонр. проф. Владимир Ивановски
Првиот час по предметот „Радиохемија со радиохемија на животната средина“
Првиот час по предметот „Радиохемија со радиохемија на животната средина“ за студентите од четврта година година, седми семестар, насока применета хемија, ќе се одржи на 22.09.2014 година, понеделник, во 9.00 часот, во сала за конференции.
Предметен наставник,
вонр. проф. Владимир Ивановски
СООПШТЕНИЕ Соработници за лабораториски вежби
Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет во Скопје има потреба од ангажирање на соработници за техничка помош при изведување на лабораториски вежби во зимскиот семестар во академската 2014/15 година.
Заинтересираните треба да поднесат документи (CV, уверение, други документи за компетенции) до раководителот на Институтот за хемија, проф. д-р Марина Стефова, по електронска пошта (marinaiv@pmf.ukim.mk) до понеделник, 22.09.2014 год. до 14 часот. Доколку и претходно поднесувале документи за оваа позиција, тогаш треба да достават само документи за нови компетенции стекнати после доставувањето на претходната пријава.