Соопштенија

17 септември 2015

Соопштение за термините на предавања и вежби по предметот „Управување со квалитет во хемиска лабораторија“

Првиот час по предметот „Управување со квалитет во хемиска лабораторија", ќе се одржи на 22.09.2015 година, вторник, во 12.00 часот, во предавална 124. Наставата ќе се одвива по следниот распоред:

предавања: вторник 12-14h пред. 124

вежби: вторник 14-16h (медиотека и лаб. 226)

(доколку има потреба за формирање на 2 групи, дополнително ќе се определи уште еден термин)

Предметен наставник
вонр. проф. д-р Горан Стојковиќ


15 септември 2015

Соопштение за прв академски час за новите студенти на ПМФ во 2015/16 година

Почитувани колеги,

 

Првиот академски час за новите студенти на Природно-математичкиот факултет во учебната 2015/2016 година ќе се одржи во вторник на 15.09.2015 година во 12 часот во големиот физички амфитеатар (горна зграда на ПМФ), а потоа часот продолжува на соодветните институти каде ќе бидат поделени индексите на студентите.

Часот за новите студенти на хемија ќе продолжи на Институтот за хемија и ќе се одржи во хемискиот амфитеатар на II кат (долна зграда на ПМФ).

 

Со почит,

Институт за хемија, ПМФ


14 септември 2015

Работилница DAAD

Во рамките на DAAD проектот, се организира работилница во периодот од 17.9.2015 - 21.9.2015, на тема:

MatCatNet Scientific Module “Biomaterials”

and Workshop“From Molecules to Functionalised Materials (2015)“

 Право на учество имаат сите заинтересирани дипломски, магистранти и докторанди. 

За дополнителни информации, погледнете го прикачениот документ.

симни документ


14 септември 2015

Термин за првиот час по предметот АНАЛИТИЧКА ХЕМИЈА I – А и Б ниво за студентите од сите насоки 

Првиот час по предметот „Аналитичка хемија I“ за студентите од втора година, трети семестар, сите насоки: применета хемија, аналитичка-биохемија, хемија на животна средина и наставна насока, ќе се одржи на 23. 09. 2015 година, среда, во 10.00 часот, во предавална 125.

Предметен наставник,

доцент д-р Јасмина Петреска Станоева


10 септември 2015

Термин за првиот час по предметот „Физичка хемија II-Б ниво“ за студентите од насоката аналитичка-биохемија

Првиот час по предметот „Физичка хемија II-Б ниво“ за студентите од трета година, петти семестар, насока аналитичка-биохемија, ќе се одржи на 24.09.2015 година, четврток, во 9.00 часот, во предавална 125.

Предметен наставник,

вонр. проф. д-р Владимир Ивановски


27 август 2015

За студентите од насоката аналитичка-биохемија

Заради слабите резултати од писмениот испит по Физичка хемија 1 и 2 Б-ниво одржани во првата декада на 24.08.2015, се дозволува студентите кои не го положија писмениот испит да се јават на писмениот испит и во втората декада на 02.09.2015.

Одговорен наставник,

Проф.д-р Владимир Ивановски


06 јули 2015

Во јули 2015 година на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет ќе се одржат јавни одбрани на следните магистерски работи:

- „ПОДГОТОВКА И РЕАКТИВНОСТ НА ЕПОКСИДИ ДОБИЕНИ ОД НЕКОИ ОЛЕФИНСКИ МОНОТЕРПЕНИ И ФЕНИЛПРОПАНОИДИ“, изработена од Марија Попеска, дипл. проф. по хемија, на 10 јули во 10 часот.

 - „ЛИТОГЕНО ВЛИЈАНИЕ НА ДИСТРИБУЦИЈАТА НА РАЗЛИЧНИ ХЕМИСКИ ЕЛЕМЕНТИ ВО ПОЧВИТЕ И ВОЗДУХОТ ВО РЕГИОНОТ НА МАРИОВО“, изработена од Даница Дамчевска, дипл. инж. по хемија, на 13 јули во 10 часот.

- „ДИСТРИБУЦИЈА НА ТЕШКИ МЕТАЛИ ВО ПОЧВАТА И ВОЗДУХОТ ВО ПРЕСПАНСКИОТ РЕГИОН“, изработена од Билјана Димкова, дипл. инж. по хемија, на 14 јули во 10 часот.


12 јуни 2015

 

На 16 јуни 2015 година во 12 часот на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет ќе се одржи јавна одбрана на магистерската работа:

„ИСПИТУВАЊЕ НА НЕКОИ ПРОТЕИНИ СО ESI И MALDI-TOF МАСЕНА СПЕКТРО­МЕТ­РИ­ЈА“, изработена од дипл. инж. по хемија Марија Петковска.


19 мај 2015

СООПШТЕНИЕ ЗА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА INTERNSHIP PROGRAMME 2015 НА JOHNSON MATTHEY CATALYSTS на 21.05.2015 во 10 h. 

 

Во четврток, 21.05.2015 година во 10 часот на Институтот за хемија ќе се одржи презентација на студентски пракси: INTERNSHIP PROGRAMME 2015 на компанијата JOHNSON MATTHEY CATALYSTS наменета за студенти од III и IV година од додипломски студии, како и студенти од постдипломски студии на студиските програми на Институтот за хемија, ПМФ и други факултети. 
За дополнителни информации повелете на презентацијата за да прашате директно за сè што ве интересира, а во прилог е огласот од компанијата.

симни документ


13 мај 2015

Во мај 2015 година на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет ќе се одржат јавни одбрани на следните магистерски работи:

  1. „КАРАКТЕРИЗАЦИЈА И КВАНТИФИКАЦИЈА НА ФЕНОЛНИ КОМПОНЕНТИ ВО  THYMUS ALSARENSIS СО ПРИМЕНА НА HPLC/DAD/MSn“, изработена од дипл. инж. по хемија Христина Дичоска на 19 мај во 12 часот.
  2. „АНОДНА СТРИПИНГ ВОЛТАММЕТРИЈА НА ОЛОВО“, изработена од дипл. инж. по хемија Неше Салих на 21 мај во 12 часот.

© 2026. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.