ПОКАНА И ПРОГРАМА ЗА 16 ДЕКЕМВРИ - ДЕН НА ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИОТ ФАКУЛТЕТ
10:00 - 10:45 часот
12:00 - 12:20 часот
12:30 часот
ПОКАНЕТИ СЕ СИТЕ СТУДЕНТИ И КОЛЕГИ НА СВЕЧЕНОСТА НА ИНСТИТУТОТ ЗА ХЕМИЈА ВО ХЕМИСКИ АМФИТЕАТАР ВО 12.30!
Во декември 2015 година на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет ќе се одржат јавни одбрани на следните магистерски работи:
На 18 ноември 2015 година во 12 часот на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет ќе се одржи јавна одбранa на докторската дисертација:
„ВИБРАЦИОНИ СПЕКТРИ НА НЕКОИ МЕТАЛНИ ФОСФАТИ И АРСЕНАТИ ОД СТРУВИТЕН ТИП“ изработена од кандидатот м-р Зулџеват Абдија.
ХЕМИСКИ СПЕКТАКЛ, 19 Ноември 2015
На 19.11.2015 (четврток) со почеток во 18:00 часот во Амфитеатарот на Институтот за хемија, ќе се одржи ХЕМИСКИ СПЕКТАКЛ во организација на групата на Среќни хемичари (THC) и групата на (Не толку) среќни хемичари. Ве покануваме и вие да бидете дел од овој хемиски настан што традиционално се одржува секоја година (во просек два пати).
СООПШТЕНИЕ ЗА НОЕМВРИСКА СЕСИЈА 2015/16
Соопштение за ноемвриска (дополнителна) испитна сесија за уч.2015/2016 год.
се известуваат студентите од Природно-математичкиот факултет во Скопје, дека пријавувањето на испитите за ноемвриската испитна сесија ќе се одвива од 02.11.2015 година до 06.11.2015 г. Ноемвриската испитна сесија ќе се одвива од 16.11.2015 година до 24.11.2015 г, право на полагање имаат:
1. студентите кои уредно го имаат запишано зимскиот семестар во уч. 2015/2016 година (запишано IX, XI, XIII и XV семестар) и на кои им останале за презапишување пет испити и дипломска работа, согласно одлуката на Наставно-научниот совет на Природно-математичкиот факултет-Скопје бр. 07-3434/2 од 25.12.2009 година.
2. студентите кои уредно го имаат запишано зимскиот семестар во уч. 2015/2016 г. (запишано I, III, V I VII семестар), може да полаат само еден предмет од задолжителните, за кои студентите ги реализирале академските обврски (потпис од предметниот наставник и уредно заверен летен семестар од уч.2014/2015 година), согласно одлуката на Природно-математичкиот факултет-Скопје бр.07-1977/2 од 18.12.2014 година. Термините ги објавуваат институтите, при факултетот.
29.10.2015 год. од Деканатот
Хуманитарен настан на Институтот за хемија, во организација на клубот на студенти - хемичари
На малиот Кирил Пеев на 10-месечна возраст му беше дијагностициран цистичен тумор на мозок. По отстранувањето на туморот во Универзитетската клиника Charite во Германија, беше констатирано дека се работи за исклучително редок тип на малиген тумор на мозок. За да се спречи понатамошното ширење на овој брзорастечки тумор, потребна е итна хемотерапија. Оваа специјална терапија ќе се изврши во истата клиника, а за нејзино изведување се потребни 150 000 евра.
Со цел да се помогне, ве покануваме на хуманитарната свирка на која ќе настапат студенти на хемија, а ќе се одржи на Хемиски Институт, во холот на прв спрат. Свирката ќе се одржи во четврток (08.10.2015) во 12:00 часот. Влезот е бесплатен, а ќе се продаваат пијалоци и ќе има посебни кутии за донации. Сите собрани средства ќе бидат наменети за лекување на малиот Кирил.
На 20 октомври 2015 година во 12 часот на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет ќе се одржи јавна одбранa на докторската дисертација:
„ИСПИТУВАЊЕ НА ВЛИЈАНИЕТО ОД ПРИМЕНАТА НА ВИРТУЕЛНИ И РЕАЛНИ ЕКСПЕРИМЕНТИ ВО НАСТАВАТА ПО ХЕМИЈА ВРЗ СТЕКНУВАЊЕТО НА ЗНАЕЊА И ВЕШТИНИ ОД ПОВИСОК РЕД“ изработена од кандидатот м-р Шемседин Абдули.
Во октомври 2015 година на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет ќе се одржат јавни одбрани на следните магистерски работи:
− „ДИСТРИБУЦИЈА НА ТЕШКИ МЕТАЛИ ВО ПОЧВАТА ВО ГРАДОТ СКОПЈЕ И НЕГОВАТА ОКОЛИНА“, изработена од дипл. професор по хемија Лаура Ахмети, на 16 октомври во 12 часот.
за додипломски студии на Институтот за хемија, Природно-математички факултет
Универзитет Св.Кирил и Методиј - Скопје, 2015 / 2016
Аплицирање во периодот од 23.09.2015 до 09.10.2015
За условите за конкурирање, како и за подетални информации, погледнете го прикачениот документ.
Соопштение за прв час по предметот Секундарни метаболити: изолација и својства, во учебната 2015/2016
Почитувани колеги од насоката аналитичка биохемија,
Првиот час од предметот Секундарни метаболити: изолација и својства (задолжителен по насока, со седмичен фонд на часови 2+0+4) кој се слуша за прв пат во V семестар, ќе се одржи во среда на 23.09.2015 година во 11 часот во предавалната 101 на ИХ.
предметен наставник
доц. д-р Наташа Ристовска