Соопштенија

01 април 2015

Во април 2015 година на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет ќе се одржат јавни одбрани на следните магистерски работи:

- „ПРОСТОРНА РАСПРЕДЕЛБА НА ХЕМИСКИТЕ ЕЛЕМЕНТИ ВО ПРИМЕРОЦИ ОД ПОЧВА И МОВ ВО ПЕЛАГОНИСКА КОТЛИНА, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“, изработена од Ана Путеска, дипл. проф. по хемија, на 3 април во 12 часот.

 - „ИЗОЛАЦИЈА, ХЕМИСКИ СОСТАВ И ФИЗИЧКО-ХЕМИСКИ СВОЈСТВА НА ЕТЕРИЧНО МАСЛО ОД ПЛОДОТ НА Carum Carvi Linn.“, изработена од Дијана Алексиќ, дипл. инж. по хемија, на 6 април во 12 часот.

- „БИОХЕМИСКИ АНАЛИЗИ НА ЦЕРЕБРО СПИНАЛЕН ЛИКВОР КАЈ ПАЦИЕНТИ СО ГИЛАН  БАРЕ СИНДРОМ  (GUILLIAIN-BARRÉ SYNDROME)“, изработена од Павел Мишевски, дипл. инж. по хемија, на 7 април во 12 часот.

- „АНАЛИЗА НА СТРУКТУРНИ МОТИВИ И КАРАКТЕРИСТИКИ КАЈ НЕКОИ  ПРОТЕАЗИ“, изработена од Томче Филиповски, дипл. инж. по хемија, на 8 април во 12 часот.


29 март 2015

Хемиски спектакл

Групата на среќни хемичари со големо задоволство го најавува престојниот хемиски спектакл кој ќе се одржи на 8.04.2015 година (среда), со почеток во 18:00 часот во амфитеатарот на Институтот за хемија. 

Добредојдени се сите заинтересирани за хемиска магија и добра забава. 

Предвидено е спектаклот да трае околу 100 минути (до мax. 120 мин).


02 март 2015

На 6 март 2015 година во 11 часот на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет ќе се одржи јавна одбрана на магистерската работа:

„ОПТИМИЗАЦИЈА НА МЕТОДИ ЗА КВАНТИФИКАЦИЈА НА ПОЛИФЕНОЛИ СО УПОТРЕБА НА ВИСОКОЕФИКАСНА ТЕЧНА ХРОМАТОГРАФИЈА ПОВРЗАНА СО МАСЕНА СПЕКТРО­МЕТРИЈА“, од кандидатот Катерина Рунчевска, дипл. инж. по хемија.


20 февруари 2015

Соопштение за почеток на предавањата по предметот Електрохемија

Предавањата ќе започнат на 20.02.2015 со почеток во 12 часот во предавална 125 на Институтот за хемија.

проф. В. Мирчески


11 февруари 2015

Соопштение за почеток на предавањата по предметот Неорганска хемија -Б ниво

Проф. Валентин Мирчески

Предавањата ќе започнат на 11.02.2015 (среда) со почеток во 10 часот во амфитеатарот на Институтот за хемија.


10 февруари 2015

Соопштение

за запишување на оцени по предметот Управување со квалитет во хемиска лабораторија


 

Oценa по предметот Управување со квалитет во хемиска лабораторија може да се добие

во четврток од 8-10 во каб.132

 

вон. проф. д-р Горан Стојковиќ


07 февруари 2015

СООПШТЕНИЕ, РАСПОРЕД

Објавен е распоредот за предавањата во летниот семестар на интернет страната на Институтот за хемија.

Вработените на Институтот за хемија ви посакуваат успешен почеток на семестарот. 

 


03 февруари 2015

На 6 февруари 2015 година во 12 часот на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет ќе се одржи јавна одбранa на докторската дисертација:

„ИСПИТУВАЊЕ НА ТЕРАПЕВТСКИ РАДИОФАРМАЦЕВТИЦИ БАЗИРАНИ НА МОНОКЛО­НАЛНИ АНТИТЕЛА И ПЕПТИДИ“ од кандидатот м-р Даринка Ѓоргиева Ацкова


03 февруари 2015

На 11 февруари 2015 година во 12 часот на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет ќе се одржи јавна одбрана на магистерската работа:

„ВИБРАЦИОНИ СПЕКТРИ НА КАДМИУМ ХЛОРИД МОНОХИДРАТ И КАРАКТЕРИЗАЦИЈА НА МАГНЕЗИУМ ЈОДИД ОКТАХИДРАТ“ од кандидатот Златко Илиевски, дипл. инж. по хемија


03 февруари 2015

Физичка хемија 1-Б ниво (аналитичка-биохемија) распоред на предавања и нумерички вежби

Предавањата и вежбите по предметот Физичка хемија 1-Б ниво (аналитичка-биохемија) во овој семестар ќе се одржуваат според следниот распоред:

Предавања 9-12 часот

Вежби (нумерички) 12-13 часот

Предавањата започнуваат во петок на 6ти Февруари!

 


© 2026. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.