Известување за договор за термин за дополнителни предавања по предметот Спорт и здравје
Се известуваат студентитите од Природно-математичкиот факултет-Скопје, кои имаат добиено условен потпис или немаат добиено реализација на предметот Спорт и здравје да дојдат на ФФОСЗ во долунаведените термини за да се договориме за термин за одржување за наставата.
Термини
Понеделник 11.00 часот 24.02.2025 г.
Среда 9.00 и 10.30 часот 26.02.2025 г.
Студентите кои имаат добиено потпис и го имаат положено предметот, нека не го зимаат во предвид ова известување.
20.02.2025 г. Од одговорниот професор, проф. д-р Ристо Стаменов
Повторен оглас за избор на демонстратор
Огласот трае 5 дена од денот на објавувањето, односно до 25.2.2025 година (вторник).
Термин за почеток на предавањата по предметот АНАЛИТИЧКА ХЕМИЈА II
Предавањата по предметот Аналитичка хемија II за студентите од втора година, четврти семестар, сите насоки: применета хемија, аналитичка-биохемија и наставна насока ќе започнат на 19. 02. 2025 година, среда, во 8.00 часот, во предавална 124.
Предметен наставник:
проф. д-р Јасмина Петреска Станоева
Почеток со лабораториски вежби по предметот Аналитичка хемија II
Лабораториските вежби по предметот Аналитичка хемија II за студентите од втора година, IV семестар, ќе запчнат на 24.02.2025 во лабораторија 325.
Распоред по групи ТУКА.
Асистент м-р Маринела Цветаноска
Почеток со лабораториски вежби по предметот Хроматографски методи
Лабораториските вежби по предметот Хроматографски методи за студентите од трета година, VI семестар, ќе запчнат на 28.02.2025 во лабораторија 325.
Распоред по групи ТУКА.
Асистент м-р Маринела Цветаноска
НЕОРГАНСКА ХЕМИЈА: почеток на наставата во летниот семестар
Предавањата од НЕОРГАНСКА ХЕМИЈА за студентите од насоките: применета хемија и наставна хемија ќе започнат на 19.02.2025 год. (среда) во 10 ч. во предавална 125.
Предметен наставник:
проф. д-р Билјана Пејова
Примена на компјутери во хемијата (за студентите од сите насоки) - почеток на наставата во летниот семестар
Предавањата по предметот Примена на компјутери во хемијата (за студентите од сите насоки) ќе започнат на 24. 02. 2025 година, понеделник, во 10.00 часот, во предавална 124.
Предметен наставник: проф. д-р Горан Стојковиќ
Известување за заверка на зимскот и упис на летниот семестар за студентите од прва година
Хемија е најдобро рангираниот субјект на УКИМ
Систематски преглед на студентите од прва година
Почитувани студенти,
Систематските прегледи за студентите од ПМФ ќе се одвиваат од 27-31.01.2025 во просториите на ЗУ Поликлиника на УКИМ. Повеќе информации на линкот подолу.