Соопштенија

22 февруари 2025

Известување за договор за термин за дополнителни предавања по предметот Спорт и здравје

Се известуваат студентитите од Природно-математичкиот факултет-Скопје,  кои имаат добиено условен потпис или немаат добиено реализација на предметот Спорт и здравје да дојдат на ФФОСЗ во долунаведените термини за да се договориме за термин за одржување за наставата.

Термини

Понеделник 11.00 часот 24.02.2025 г.

   Среда  9.00 и 10.30 часот  26.02.2025 г.

Студентите кои имаат добиено потпис и го имаат положено предметот, нека не го зимаат во предвид ова известување.

 20.02.2025 г.                                      Од одговорниот професор, проф. д-р Ристо Стаменов

 


21 февруари 2025

Повторен оглас за избор на демонстратор 

Огласот трае 5 дена од денот на објавувањето, односно до 25.2.2025 година (вторник).

Линк до потребните документи


19 февруари 2025

Термин за почеток на предавањата по предметот АНАЛИТИЧКА ХЕМИЈА II

Предавањата по предметот Аналитичка хемија II за студентите од втора година, четврти семестар, сите насоки: применета хемија, аналитичка-биохемија и наставна насока ќе започнат на 19. 02. 2025 година, среда, во 8.00 часот, во предавална 124.

Предметен наставник:

проф. д-р Јасмина Петреска Станоева


17 февруари 2025

Почеток со лабораториски вежби по предметот Аналитичка хемија II

Лабораториските вежби по предметот Аналитичка хемија II за студентите од втора година, IV семестар, ќе запчнат на 24.02.2025 во лабораторија 325.
Распоред по групи ТУКА.

Асистент м-р Маринела Цветаноска


17 февруари 2025

Почеток со лабораториски вежби по предметот Хроматографски методи

Лабораториските вежби по предметот Хроматографски методи за студентите од трета година, VI семестар, ќе запчнат на 28.02.2025 во лабораторија 325.
Распоред по групи ТУКА.

Асистент м-р Маринела Цветаноска


16 февруари 2025

НЕОРГАНСКА ХЕМИЈА: почеток на наставата во летниот семестар 

Предавањата од НЕОРГАНСКА ХЕМИЈА за студентите од насоките: применета хемија и наставна хемија ќе започнат на 19.02.2025 год. (среда)  во 10 ч. во предавална 125.

Предметен наставник: 

проф. д-р Билјана Пејова


15 февруари 2025

Примена на компјутери во хемијата (за студентите од сите насоки) - почеток на наставата во летниот семестар

Предавањата по предметот Примена на компјутери во хемијата (за студентите од сите насоки) ќе започнат на 24. 02. 2025 година, понеделник, во 10.00 часот, во предавална 124.

Предметен наставник: проф. д-р Горан Стојковиќ


04 февруари 2025

Известување за заверка на зимскот и упис на летниот семестар за студентите од прва година


28 јануари 2025

Хемија е најдобро рангираниот субјект на УКИМ

Според податоците на интернет страната UniversityGuru хемија е најдобро рангираниот субјект на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, додека УКИМ е најдобро рангиран универзитет во Македонија. 

Повеќе податоци за рангирањето се достапни на следниот линк: https://www.universityguru.com/university/ss.-cyril-and-methodius-university-of-skopje-skopje


21 јануари 2025

Систематски преглед на студентите од прва година

Почитувани студенти, 
Систематските прегледи за студентите од ПМФ ќе се одвиваат од 27-31.01.2025 во просториите на ЗУ Поликлиника на УКИМ. Повеќе информации на линкот подолу.

Линк до соопштението


| 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |
© 2026. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.