Соопштенија

08 март 2018

Соопштение за мартовска  (дополнителна) испитна сесија за уч.2017/2018 год.

Мартовска  (дополнителна) испитна сесија за уч.2017/2018 год. ќе се одвива од 26.03.2018 година до 30.03.2018 г.

 

               се известуваат студентите од Природно-матема­тичкиот факултет во Скопје, дека имаат обврска да ги пријават испитите  задолжително на двата   начина:

1. со поднесување на пријава за испит и индекс на проверка (потпис од предметниот професор) на Шалтерот за студентски прашања ќе се одвива од  12.03.2018 до  20.03.2018 година  и

2.  ЕЛЕКТРОНСКО пријавување на испитите од 05.03.2018 до 30.03.2018 година на испитите преку електронскиот “i-know” систем и електронско плаќање на 50,00 денари за административна такса, при што КОДОТ задолжително треба да се впише во полето-таксени марки и во  хартиената пријава (шифра за АТ) - упатството е објавено на веб страницата на ПМФ.

Право на полагање имаат:

                1. Студентите кои уредно го имаат запишано летниот семестар во уч. 2017/2018 година (или запишано X, XII, XIV и XVI семестар) и на кои им останале за презапишување пет испити и дипломска работа, согласно Одлуката на Наставно-научниот совет на Природно-математичкиот факултет-Скопје бр. 07-3434/2 од 25.12.2009 година.

             2. Студентите кои уредно го имаат запишано летниот семестар во уч. 2017/2018 г. (или запишано II, IV, VI  I VIII семестар), може да полагат само еден предмет од задолжителните предмети слушани во зимскиот семестар во уч.2017/2018 година, за кои  студентите ги реализирале академските обврски (потпис од предметниот наставник и уредно заверен зимски семестар и запишан летен семестар од уч.2017/2018 година), согласно Одлуката на  Природно-математичкиот факултет-Скопје бр.02-1029/2 од  07.07.2017 година.         

 од Деканатот


08 март 2018

ПРИМАТИЈАДА 2018 (Будва, април 2018) - ПРИЈАВЕТЕ СЕ ЗА УЧЕСТВО!

Се известуваат студентите кои сакаат да учествуваат со научни трудови дека пријавувањето за „ПРИМАТИЈАДА-2018“ е од 14.02 до 15.03.2018 год. во просториите на Студентскиот сојуз од 11:30-13:30h секој работен ден.

Се известуваат студентите кои сакаат да учествуваат во спортски активности дека пријавувањето за „ПРИМАТИЈАДА-2018“ е од 14.02 до 02.04.2018 год. во просториите на Студентскиот сојуз од 11:30-13:30h секој работен ден.

Пријавете се!


14 февруари 2018

Соопштение за почеток на предавањаta по предметот Биохемија II

Предавањата ќе започнат на 16.02.2018 со почеток во 12:15 h во предавална 125.

Проф. В. Мирчески


14 февруари 2018

Почеток на предавања по предметот Електрохемија

Предавањата ќе започнат на 16.02.2018 во 10:15 ч во салата за конференции на Институтот за хемија.

Проф. В. Мирчески


12 февруари 2018

СООПШТЕНИЕ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРЕДАВАЊА

НЕОРГАНСКА ХЕМИЈ -Б -НИВО

СООПШТЕНИЕ

 

Предавањата по предметот: Неорганска хемија Б-ниво, ќе започнат на

 

13.02.2018

во амфитеатарот на Институтот за хемија,

со почеток во

 

10:15 h.

 Проф. В. Мирчески                                                                12.02.2018

valentin@pmf.ukim.mk

 


08 февруари 2018

НАНОХЕМИЈА И НАНОТЕХНОЛОГИИ

Предавањата од НАНОХЕМИЈА И НАНОТЕХНОЛОГИИ ќе започнат на 15.02.2018 (четврток) од 10 ч. во предавална 125.  


06 февруари 2018

Физичка хемија 1 Б-ниво аналитичка биохемија

Првиот час ќе се одржи во петок (09.02.2018) од 9 до 12 часот, просторија 125


06 февруари 2018

МЕТОДИКА НА ХЕМИСКО ЕКСПЕРИМЕНТИРАЊЕ 2

Се известуваат студентите од наставната насока дека предавањата по предметот МЕТОДИКА НА ХЕМИСКО ЕКСПЕРИМЕНТИРАЊЕ 2 ќе започнат на 15,02,2018 во лаб. 308.


02 февруари 2018

СООПШТЕНИЕ ЗА ПРЕДАВАЊА ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК

Предавањата по англиски јазик кај проф. д-р Солзица Поповска за студентите на хемија ќе почнат на 7 февруари 2018 година и ќе се одржуваат во среда од 14 часот во хемискиот амфитеатар.


31 јануари 2018

СООПШТЕНИЕ за одлуки на Деканатската управа на ПМФ

1. Дополнителен ден-сесија се  одредува на 07.02.2018 година (среда) за предмети од летниот семетар од учебната 2016/2017 година и зимскиот семестар во учебната 2017/2018 година.

- Студентите може да пријават само еден предмет за кој ги регулирале академските обврски (потпис и заверен семестар).

- Пријавувањето на испитот студентите да го направат најдоцна до 05.02.2018 година во Службата за студентски прашања.

 

2. Рокот за заверка на зимскиот семетар во учебната 2017/2018 година и запишување на летниот семестар во учебната 2017/2018 година се продолжува до 09.02.2018 година. (да се завршат сите обврски со завршното оценување на студентите кои ќе полагаат во ден сесијата до  09.02.2018 година).

 

3. Рокот за одбрана на дипломски труд без запишување на летен семестар, за студентите кои ги положиле сите испити во учебната 2017/2018 година, е до 15.02.2018 година.


© 2026. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.