Соопштенија

04 ноември 2022

Соопштение за НОЕМВРИСКА (дополнителна) испитна сесија во учебната 2022/2023 година

Се известуваат студентите на Природно-мате­ма­­­тич­ки­­от факултет во Скопје дека, ноемвриската (дополнителна) испитна сесија во учебната 2022/2023 г.,  ќе се одвива во периодот од 21.11.2022 г. до 25.11.2022 г.

Право за полагање имаат студентите кои уредно го имаат запишано зимскиот семестар во учебната 2022/2023 г., и уредно им е заверен летниот семестар од учебната 2021/2022 г.

Студентите во ноемвриската испитна сесија ќе може да пријават и полагаат 1 (еден) испит од летниот семестар од учебната 2021/2022 г.

Задолжителното електронско пријавување на испитите во ноемвриската (дополнителна) испитна сесија ќе се одвива од 01.11.2022 г. до 20.11.2022 г.

Студентот  покрај задолжителното електронско пријавување на испитот, на денот на полагање на испитот треба да носи со себе индекс и пријава за испит (хартија).

Термините за практичен и теоретски дел од испитот во престојната ноемвриска (дополнителна) испитна сесија и просториите во кои ќе се одвиваат испитите ќе бидат објавени најдоцна до 13.11.2022 г. на веб страните на институтите на ПМФ.

 

НАПОМЕНА:

Вонредните и редовните студенти, кои се префрлени по нова студиска програма, при пријавување на секој испит заедно со пријавата за испит треба да достават уплатница за уплатени 200,00 денари за испит, уплатени на жиро-сметката на ПМФ.

сите уплати се вршат на образец ПП50:

- назив и седиште на примач                                    ПМФ – Скопје

- банка на примач                                                   НБРМ

- трансакциска сметка                                              100000000063095

- сметка на буџетски корисник на ПМФ                     1600110804 788 19

- приходна шифра  програма  начин                       723013 - 41 – 2

 

02.11.2022 година                                                                    од Деканатот


04 ноември 2022

Конкурс за доделување на стипендии за студенти од прв циклус од Фондација ЕДУКАТА

Фондација ЕДУКАТА за студиската 2022/2023 година ќе додели стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети и високообразовни установи.

Повеќе информации во документот во прилог.

симни документ


14 октомври 2022

Соопштение
за почеток на наставата по предметот Хемија
за студентите на насоката Нутриционизам (биологија) од прва година

Предавањата ќе започнат на 17.10.2022 (понеделник) во 10 ч., во предавална бр. 125 (прв спрат) на Институтот за хемија.

Професор
Валентин Мирчески


08 октомври 2022

Почеток на предавања по предметот Органска хемија I

Предавањата по предметот Органска хемија I за студентите од трет семестар, насока: аналитичка биохемија ќе започнат во понеделник (17.10.2022) во 10:00 часот.
Предметен наставник: проф. д-р Емил Поповски


03 октомври 2022

Термин за првиот час по предметот АНАЛИТИЧКА ХЕМИЈА I за студентите од сите насоки

Првиот час по предметот Аналитичка хемија I за студентите од втора година, трети семестар, сите насоки: применета хемија, аналитичка-биохемија и наставна насока ќе се одржи на 05. 10. 2022 година, среда, во 12.00 часот, во предавална 124.

Предметен наставник:

проф. д-р Јасмина Петреска Станоева


03 октомври 2022

Термин за првиот час по предметот НУТРИЦИОНИЗАМ

Првиот час по предметот Нутриционизам ќе се одржи на 14. 10. 2022 година, петок, во 8.00 часот, во предавална 124.

Предметен наставник:

проф. д-р Јасмина Петреска Станоева


03 октомври 2022

Почеток на наставата по Биохемија I - А. Б

Предавањата по предметот Бихемија I (А, Б ниво) за студентите од трета година, сите насоки, ќе почнат во вторник, 04.10.2022  година, во 10.00 часот, во предавална 101.

Предметен наставник: проф. д-р Наташа Ристовска


03 октомври 2022

Оглас за избор на демонстратори за учебната 2022/2023 година


01 октомври 2022

Известување за прв академски час

Почитувани студенти,
На ден 03.10.2022 година (понеделник)  ќе се одржи првиот академски час со почеток во 12:00 часот,
во амфитеатарот "проф. д-р Ордан Печијаре"- (кој се наоѓа на приземје во горната зграда на Факултетот).

Новите студенти кои се запишани на сите студиски програми на Природно–математичкиот факултет во Скопје  во учебната 2022/2023 година,
ќе бидат поздравени од деканот на Факултетот проф. д-р Александар Скепаровски. 
Со свеченоста ќе се одбележи и почетокот на новата академска учебна година.

Во 13:00 часот во амфитеатарот на Институтот за хемија ќе бидат врачени индексите на студентите од сите студиски насоки на хемија.


28 септември 2022

Известување за продолжување на рокот за упис на зимски семестар на прв циклус студии во учебната 2022/2023

Се известуваат редовните и вонредните студенти на прв циклус студии на Природно-математичкиот факултет во Скопје, дека рокот за запишувањето на зимскиот семестар во учебната 2022/2023 година се продолжува до 07.10.2022 година, без надоместок за задоцнето запишуавање.
Повеќе информации за резервирање на термини


© 2026. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.