Соопштенија

24 јануари 2024

Промена на терминот за втора декада за Спорт и здравје

Дополнителни термини за добивање на потпис (остварување на правото за потпис)  и
термини за полагање на испитот
Спорт и здравје
во  првата испитна сесија  во  уч.2023/2024 година

СПОРТ И ЗДРАВЈЕ
Проф. д-р Ристо Стаменов
од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје
iysskopje@yahoo.com
 за студентите од прва година 

I декада: 17.01.2024 г. од 9:00 до 12:00 часот на ФФОСЗ

II декада:  31.01.2024 г.  од 9:00 до 12:00 часот на ФФОСЗ
(терминот 28.01.2024 г. е во недела и затоа е сменет за 31.01.2024)

 23.01.2023г.                                                                                                Оддеканатот



18 јануари 2024

Задолжителен систематски преглед за студентите од ПРВА година (22.01.2024 - 02.02.2024 од 07:30 до 12:00)

Студентите на Природно-математичкиот факултет во Скопје да се јават на задолжителен систематски преглед во ЗУ Поликлиника на УКИМ, која е сместена во студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“ во периодот 22.01.2024 - 02.02.2024 од 07:30 до 12:00 часот.

Повеќе детали во соопштението во прилог.

симни документ


14 јануари 2024

Краен испит:

Органска хемија 1

 Органска хемија 2

 Анализа на нафтени деривати и горива

Хемија на природни производи

Органска хемија (нутриционизам, Инст. за Биологија, ПМФ)

 

 

Писмен испит. Се полага во заеднички термин и просторија со останатите групи на Институтот за хемија.Термините за полагање се: петок 26ти Јaн, 2ри Фев. и 16ти Фев. од 12-15 часот во Амфитеатар на ИХ. Потврдете го вашето присуство 2 дена пред датумот за полагање преку регистрација на Google form

https://docs.google.com/forms/d/1BYdl5XLCaaA48CMJvRMjMOGF8O7YxRsHudGcqRO0le4/edit


Проф. д-р Јане Богданов

 

 

 

 Право на полагање на испит ќе имаат САМО оние студенти кои уредно го имаат пријавено испитот на iknow, а на полагањето ќе носат индекс и хартиена пријава за испит.

 

Потврдете го вашето присуство 2 дена пред датумот за полагање преку регистрација на Google form

https://docs.google.com/forms/d/1BYdl5XLCaaA48CMJvRMjMOGF8O7YxRsHudGcqRO0le4/edit


 

 

 

 Право на полагање на испит ќе имаат САМО оние студенти кои уредно го имаат пријавено испитот на iknow, а на полагањето ќе носат индекс и хартиена пријава за испит.


09 јануари 2024

Термини за испити по предметите Општа физика I

Испити по Општа физика I за студентите од насоките: применета хемија и наставна хемија
18.01.2024 - прва декада
05.02.2024 - втора декада

Испити по Општа физика Б ниво за студентите од насоката применета хемија - аналитичка биохемија (задачи)
22.01.2024 - прва декада
05.02.2024 - втора декада

Сите испити започнуваат во 10 часот.

проф. д-р Елена Вчкова Бебековска


09 јануари 2024

Термини за испити по предметот Англиски јазик

Термини за првата испитна сесија  испитна сесија во

 уч.2023/2024 година 

АНГЛИСКИ ЈАЗИК 
Проф. Солзица Поповска
Институти за:  математика, физика, хемија и двопредметни студии по математика-физика
 solzica_popovska@yahoo.com

I декада

22.01.2024  1
1.00 ч. во амфитеатар 1, Филолошки факултет 

II декада

1.02.2024
11.00 ч. во амфитеатар 1, Филолошки факултет 

 


28 декември 2023

Повик за Регионална програма за мобилност на младинско лидерство

Почитувани студенти,
Регионалната програма за студенти/млади истражувачи која ја спроведува Младинскиот образовен форум е одлична можност за ваш професионален и академски развој. Целта на програмата е да ги научи студентите како да истражуваат и истата има интеркултурен елемент. За програмата е предвидена стипендија за учесниците. Крајниот рок за аплицирање е 29.12.2023 година.


20 декември 2023

Повик за финансиска поддршка на студенти

Јавен повик за остварување на финансиска поддршка на студенти кои живеат надвор од местото на студирање за академската 2023/24 година
Кликнете тука за подетални информации.


18 декември 2023

Обуки за студенти - Алкалоид АД, 19.12.2023

Почитувани студенти,

Ве известувам дека обуката што ја организира Алкалоид АД за студентите од хемија ќе се реализира во Тренинг центарот Ѓорче Петров Лафома, на 19.12.2023 во 9 часот. Прифатени се сите пријавени студенти.

 Раководител на ИХ


14 декември 2023

Ден на Природно-математичкиот факултет

Ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме да присуствувате на свеченостите по повод одбележувањето на
Денот на Природно-математичкиот факултет - Скопје при Универзитетот “ Св. Кирил и Методиј ” во Скопје, 16-ти декември

Свеченоста ќе се одржи на 18.12.2023 година (понеделник) со почеток во 12:00 часот.

Во 13:00 часот ќе се одржи свечено доделување на дипломи на дипломирани студенти од прв циклус студии во Амфитеатарот 305 (горна зграда на ПМФ).
Потоа ќе бидат доделени и пофалници на студентите кои во претходните студиски години постигнале особено висок успех.


Целосната програма може да ја видите тука.
Список на дипломирани студенти од прв циклус
Список на дипломирани студенти од втор циклус


04 декември 2023

Пофалници за постигнат успех и најдобри студенти по години

Почитувани студенти,

Во рамки на активностите по повод 16-ти Декември патрониот празник на Факултетот, се доделуваат дипломи за дипломираните студенти и пофалници за постигнат успех и најдобри студенти по години (прва, втора и трета).

Критериумите за доделување пофалница се: просек над 8,50 и да бидат положени сите предмети од претходните години заклучно со дополнителната ноемвриска сесија.

Сите студенти кои ги исполнуваат наведените критериуми имаат право да се пријават, најдоцна до 11.12.2023 год.

Заради евалуација и рангирање потребно е да ги доставите своите индекси во Библиотеката на Институтот за хемија (заедно со е-mail адреса за контакт) или уредно скенираните страници од индексот да ги доставите електронски до chemistry@pmf.ukim.mk (со име и презиме и насока во предметот на пораката).

Од Раководител на Институтот за хемија


© 2026. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.